Живот

СВетлина...замаглена...остра...бурна...се чувствувам исплашено, збунето, непознато...се будам, а во овој буден сон милиони нови нешта видов за прв пат, почнав да знам што е чувство, почнав да живеам. До крајот на денот и со почетокот на ноќта дознав и сеуште дознавам “се“. Полека почнав да се исправувам и да ги користам нозете, да одам кон новите пространства, авантурите да се множат, загатките да се рсплеткуваат. По патот одејќи со моите чевли, уредно исчистени, после долготрајна несватлива светлина во миг падна една топка густа темнина и ме вовлече во неа, голтајќи се она што го сакав, мојата омилена маица, моите омилени панталони, моите омилени мисли, моите омилени слики, па дури и омилените глетки, се а и времето веке го немаше. Немав ништо иако не гледав и не знаев дали навистина го немав, ама знаев дека го немам. После долго време во слепило повторно почнав да забележувам светлина, искра по искра, незнам дали бев слеп или нешто ме зацрни, само знам дека пак се разденува. Кога бев исфилтриран од сето црнило што беше вметнато во мене забележав дека моите уредно исчистени убави чевли се повеќе од се останато ама не и од уредно исчистени ниту кондури...само партали кои се врткаа на моите глуждови. Ги искинав, ги исфрлив од мене налутено и остро, продолжив по овој пат да одам упорно со решителност да го видам крајот...а кога ке го видам се надевам само да не мора да се вракам назад заради непозната причина. Чекорев бос по жешкиот пат без одмор, без замор, само одев како да летав, на сите страни нови облици се појавуваа во просторот, некои мили, некои груби но сепак ново беше, тоа ме влечеше да стигнам подалеку што побргу. Брзав и брзав а додека брзав од листовите, цвеќињата, гранките, земјата, се слушаше некоја мелодија, песна, магија, отсвирена на магична флута и громогласни тапани, тие ме креваа во воздух и јас летав.Како што летав по патот сив, лицата повеќе не беа убави и грди, туку преовладуваа оние грдите, се додека не се најдов во една соба, целата бела без ништо само шест ѕида без прозори, без врати, само простор, дури незнаев ни дали времето е присутно. Повторно почнаа чувствата да ми се враќаат наназад, темнината почна да надвиснува повторно над главата, грмотевици ја бркаа но таа си паѓаше полека но сигурно. Повторно мрак, јас седнав на една карпа која се појави од никаде. Седев така како препариран и гледав право во темнината создавајќи си слики на тоа што сакам да видам. Седев и плачев,седев и копнеев...Станав и тргнав право и само право и удрив во едниот ѕид, но тој наместо да ме одбие, се скрши, а јас, јас бев повторно надвор! Но, се беше изменето, патот, времето, светлината, лисјата, се...Почнав повторно да го следам сега распуканиот пат, во сивилото кое беше го обвиткало, без грам разнобојност. Одев и одев со расплакана душа , одев по овој тажен пат...одев и се беше пѕирно, освен...единствената работа која ме водеше напред, една песна која свиреше бескрајно долго и беше бескрајно убава, носталгична, депресивна, исполнително среќна, ја следев само неа...одев и одев, ми се кршеа нозете а јас одев уште...кога стигнав до еден огромен ѕид, сватив дека музиката доаѓа од зад ѕидот, морав да видам чија е...барав премин преку ѕидот, меѓутоа премин никаде немаше. Барав, барав и барав и ништо...земав камен и пробав да го скршам но немав никакви шанси да го направам тоа...психата не ме држи повеќе, не можам...се свртев накај ѕидот и со глава почнав да го удирам со цел да го искршам, крв почна да јури по мене, по ѕидот, на земјата, на голите нозе, крв јури а чувства нема, повторно си отидоа исто како и што дојдоа...удирав, удирав и удирав кога од зад мене слушнав нешто, слушнав светлина, незнам како но ја слушнав како пробива низ негативната темнина што ја испуштав јас и брзаше накај мене...засстана токму пред мене со прекрасна насмевка и големи очи, застана до мене ме фати за рака и ми стави во рака еден пар ппрекрасни кондури, ме бакна по раздробената глава и раните ми зацелија во мигот а крвта се в’пи пак во мене...застана пред мене повторно и кажа “Зошто толку сакаш да го дознаеш изведувачот на оваа величествена композиција, зошто? Зарем треба да се знае кој е доколку е композицијата таа која те води а не самиот изведувач, зарем мислиш дека тоа е патот по кој треба да одиш? Каков е овој пат без патека, зарем не свати дека нема пат, дека нема патеки, само простор полн со препреки и невољи, а ти се најде веднаш пред таа препрека и невоља во еден ист миг, зарем... Погледни лево, погледни десно, па дури погледни горе, имаш пространства за патување и остави го овој ѕид да си остане она што од секогаш бил, граница, граница на невољата, не барај пат од другата страна кога веќе имаш бесконечно тука...“ кажа, ме погледна длабоко и полунасмеано, замижа и се в’пи во мене, а јас... јас продолжив по пространствата да талкам и да ја слушам композицијата на непознатото пијано забивајќи ми ги сите емоции една по една се до крајот на времето...

0 comments: