Ден 1 (Пиење, пеење, Сида)

Станав со мисла дека денот ќе биде луд, дипломска на Верче. Станав и излегов од дома, отидов да се спремам за целовечерно пиење, така и беше. Пиење, пиење и пиење...
Никола: Горанчо!!!
Ја: Даааа!!!
Никола: Можеее???!!!
Ја: Можее!!!
Никола: Веееерчеее (со деформиран глас)
а Верче разговара со некои фраери и убави жени покрај нашето огниште без оган само со пиење. Една типка од некоја Хив здружение ни држеше некои предавања, ни даде понекое кондомче да го џвакаме и ми остави нејзин број (да не сака да се клеца :D).
После тоа, круг на трева звук од жиците на Берта и Јамахата (безименка) на Вилко, гласови кои не се бројат на прсти, бар така мислам, или можеби пијанството ми создало некоја халуцинација. Во глава од момент во момент се попијано и попијано ми е. Дојдоа други дечки со гитара и виолина и почнаа да свират македонски песни, јас пијан и повеќе од тоа, како се вика тоа на нашки, СТУБ, е така, пејам на глас најсилно што можам, како што вика Вилко „Се начука и стана националист“. Главата стана премногу матна, сите си отидоаа само ние јас, Вилко, Никола, Верче и Маја, ахххх да те фатат маите, само ние тврдокорните или како би се рекло на енглески, да се направам малку енглез, Hardcore hell yeah, fuck yeah... и нешто тропаме зелени на кои не се ни сеќавам, после тоа Blackout, а случки еден милион за тој Blackout, ама што е важно, имав еден сон, визија, за следниот ден, визија која беше матна ама со надеж дека е вистинита. Сонцето изгреа, јас се разбудив од тој Blackout станав и кажав:
Ја: Јас идам (мрзливо и препијано)
другите: Седи бе
Ја: ништо не кажувам само одам, немам сила да кажам, одам во осмици

Пат долг, долг како децении и децении да одам, на крај стигнав дома, и сонот ме преовлада.

Ден 2 (Д деј, нервоза, нервоза, депресија, депресија ииии дуго ми је требалооооо...)

Станав, во глава некои рудари удираат со копачите во мојот череп, на секој мој покрет со главата, аххх проклети бомби, проклети пластики, ама не е важно, насмевка ми го краси лицето, затоа што денес е денот, денот кога ќе ја видам Ирина Капетановиќ во живо секако да не ги заборавиме заедно со Сторм. Во исчекување на моментот кога да излезам од дома сум долго, не ми се ни јаде ни пие, излегов порано од тоа што мислев во нестрпливост спремен со преполна торба. При излегување гледам сонце, топло и предобро време за свирка, ама не било која свирка туку СВИРКА на Ирина и Сторм. По пат добивам порака на моб. од некој кој ми вика дека северно од Македонија се одвива луда журка на небото, олуја, дожд и повеќе од тоа. Стигнав кај Вилко а на небо некој темен облак ја прекрива светлината. Со Вилко се спремаме како да одиме на летување, да далечен пат...
Вилко: тоалет...
Вилко: да...
Вилко: улошки...
Вилко: да
Вилко: кебе....
Вилко: хммм ене таму има...
Надвор: шшшш БУУУУУМ!!!!!
Гледаме надвор врне а на Водно страшно не ни се ни гледа. Почнува нервоза да преовладува во собата, дождот и грмотевиците кои се секогаш преубави сега ја демолираа атмосферата во собата. Седиме со Вилко и пратиме кога ќе прекине да врне и секако да дојде Балтикус Чобантикус да не собере и да правиме што ќе правиме. Балтикус стигна, малку разочаран заради времето ама сепак смирен каков што е во природа. Чекаме малку да престане да врне затоа што надвор е бура која станува се посилна и посилна, а со тоа станува и нервозата посилна и послилна која на крај бууум пука, некои пцости, пцости, удари во двоседот и разочаран поглед. Затворената просторија беше неподнослива, моравме да излеземе, кој со чадор, кој трча позади чадорот да се скрие малку од малку, кој се крие со ќебе некако стигнавме до пикапот на другарот на Балтик. Сместени позади, седнати на под, без прозори и пееме, Вилко пее Лепи громе мој а јас ја прекинувам и почнувам LEEEET THE SUNSHINE INNN, и така она ќе почне јас ќе ја прекинам. Се возиме така за нас како вечно да беше тоа патување, на под, а возачот како да вози компир а не луѓе лупа и ни ги уништува задниците тн. газови. На крај стигнавме кај Копиљо која секако не беше дома, али ок штом не сака поклони и не сака да ни даде фен ОК. После тргнавме кај другарот на Балтик, а нафдвор, гледаме прекинува да врне и сонце излегува, среќно сонце. Стигнавме кај другарот на Балтик кој треба да се спреми за да идеме. Ама, секако има и ама тука, идам надвор и слушам нешто прави шшшшшшшш, гледам пак врне и тоа се посилно и посилно, сега почна нервозата да се претвора во депресија, со Вилко седиме само гледаме онака изгубено, кога на моб на другарот на Балтик му се јави некој од организаторите журката и каже дека нема да има свирка, е тогаш готово, толку било од се. Депресија, нервоза, лудило се не опфати мене и Вилко, а Балтик од смирен стана нервозен што е реткост, ама ништо чудно, секој би станал нервозен во тие моменти, сепак он требаше да пее денес ама нема заради времето. Почна на тераса некој ритуал да прави со леб и сол да го истера дождот ама некако времето не го слушаше. Готово толку надежта е толкава не може повеќе да тече, па се решивме да идеме кај Копиљо пак од нервоза, кај и да е само не дома. Пушиме цигара со Вилко на тераса кога гледам дека не врне веќе а на небо гледам светлост, две звезди радосници чисти како солза ми укажуваат некоја среќа, после тоа Вилко вика ене уште една и уште една и уште една и цело небо полно звезди, ама ниедна вест за измени на плановите на фестивалот. Сепак отидовме кај Копиљо кој секако повторно не беше дома, па седнавме надвор да ја чекаме Анче надвор како чобани со торби, шатор и чобански поглед
Во тој момент еден оган пламна и проговори, кажа, ма што сака нека биде, и да паѓаат магариња ние идеме на Водно, и така беше, дојде Ана се поздравивме торбите на нас и накај Вилко прво па после Водно. Долг и мачен пат беше до Вилко ама успеавме. Се средивме, преточивме биното во мали шишиња за да можеме да го сокриеме ако не ни дозволат да влеземе со пиење. Фативме такси, пат, пат и ете го ВОДНО. Се слуша музика и пеење на некој неталентиран дерач на мачки, кршач на фино изгланцани чаши, ама што е важно тоа, важно се свири и пее. Стигнавме до местото со торби на нас и гледаме наоколу како е, кога во еден момент (неколку секунди од нашето пристигнување) слушаме некој глас женски збори, веднаш свативме сите, тоа беше таа црвена слатка девојка од Босна со неверојатен глас, тоа беше Ирина, ние стаписани со торбите до шанк каде се продаваа бонови за алкохол и го прашуваме типот:
„Шефе може да ги оставиме работиве тука да ја ислушаме Ирина па ќе се вратиме“
типот виде не виде се согласи, ние во брзање се истоваривме и отидовме кон таа импрвизирана бина премала ама 500 пати подобра од онаа бина на која нема никаков контакт со публика. Прв поглед кон неа и нејзиниот глас ме маѓепсаа, паднав во некој транс, насмевка на лице, сјај во очи, пиво во рака и headbanging. Ние секако во први редови со Вилко скокаме, малку сликаме, скокаме, пееме, бенгаме, цел саат во возбуда. Има еден момент кога сосема скренав, кога почна да се свири и пее Highway to hell и моментот кога Балтик се качи на бина и ја замени неа кое му ги исполни малку барем срцето.

Песната ја испеа предобро, браво за Балтик. После тоа следеше крајот на нивниот настап, настапот на Ирина и Сторм кој беше бурен проследен со искинати жици на Вили басист и гитарист кој не знам како се вика ги искинаа жиците една по една а ние со овации и викотници ги поздравивме. Кога се заврши јас, Вилко и Ана отидовме да се сликаме со неа
проследен со некој краток разговор секако оневозжен од многуте кои сакаа да имаат слика со неа. Времето стигна да го наместиме шаторот и да ги сместиме работите кои ни пречеа само. Се тоа се среди, отидовме до бината, пиво во рака 2 купи 10 испиј....
Некоја девојка: (ме подбутнува) Дечко може да поминам
Јас: Секако...
НД: Зашто те бутнав имаш две пива од мене
Јас: топ...
НД: држи (ми подава две пива)
Јас: (зачуден земам)
НД: на здравје, хмммм едно фали а, еве уште едно
wooooooooooot......ок да се вратам на нашата цел, ИРИНА, седи пред нас а ние како стресени пички седиме, поточно стоиме и немаме храброст да отидеме кај неа а ни идеа како да почнеме разговор со неа. Кога она стана и отиде некаде, а ние така со спуштени глави седнавме на оградата, јас, Балтик, Ана и Вилко. Ја гледаме Ирина како доаѓа пак, го здогледува Балтик и застанува со нас, толку е, мислам дека секоја наша желба за тој ден е исполнета освен една која од секогаш ја сакавме ама мислам дека Вилко најмногу, а која е таа желба..... хееее.....во тој момент доаѓа гитаристот и вика „Đe je šator“ пијан секако а ние паѓаме од смеење, и уште многу гафови кои ги има тука повеќе, Ирина отиде со него и кажа дека ќе се врати брзо, и брзо се врати а во рака носи црвена маица и вика „Vidite šta je uradio na ovo...hočete ovo, kako uspomen...“ а ние „Даааа!“ и така се беше предобро, и подобро, ама има и најдобро, и стигна и тоа, стигна најдоброто...и викаме на Ирина „Една молба ако може, да ни испееш на камера Мразеви“ а она се согласи без двоумење и.....
Nebo za tebe, sprema darove(ne bi radila ovo da nisam pijana hihi) novu ljubav nosi ti, a meni ostaju, zime i mrazevi, da me na te sjecaju, da te nemam, vise nemam, a trebam te.....!!!!!! aaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa и толку, перфектен ден. После се било како во магла, како невистинито. Денов заврши одамна ама почна во тој момент. Легнавме со Вилко ама сон не идеше лесно.....

Ден 3 (ахххх трезнење, ама не од пиење)

Станавме после околу 3 саати спиење и ништо поважно немаше освен сеќавањето и сонцето кое светеше над нас. Отидовме со Вилко да јадеме во „Кујната“ кога од далечина забележав на мотор потпрена некоја црвенокоса девојка, секако Ирина, а ние возбудени одиме натаму да јадеме, по кратко време стана не виде и кажа „Рокери“ Вилко превозбудена да каже нешто а јас кажем „Добро јутро“ и толки беше, се качи во комбето и си замина со бендот. Денов немаше многу за што треба да се збори, само пат по стрмни надолнини од водно со торби претешки. Стигнавме некако доле, попатот Ирина се пееше цело време. А дома цел ден ми беше исполнет со, Зина, Ирина,Зина, Ирина.... и така....

тоа беше тродневното патување.
ама вториот ден вреден за 1 година.....